hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Ракометарите на пример во Владата пред двомечот со Словенија

vo vladata

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски денес ги прими македонските ракометни репрезентативци по настапот на Мундијалот.

Премиерот Мицкоски им честиташе на ракометарите за борбеноста, пожртвуваноста и преставувањето на Македонија на изминатото СП.

„Во име на Владата и во мое лично име, сакам од срце да им честитам на нашите ракометари за одличниот настап и за гордоста што ни ја донесоа со своите храбри игри во Хрватска! Вие повторно покажавте дека со борбен дух, посветеност и заедништво можеме да ги поместиме границите на можностите и да ја претставиме Македонија во најдобро светло.

За таа цел Владата донесе одлука да додели премија на Ракометарите во висина од три милиони денари, како резултат на достоинственото претставување и пожртвуваноста на македонските спортисти во Хрватска. Секој ваш натпревар беше доказ за силата на македонскиот спортски дух. Борбата на теренот, срцето што го оставивте за нашиот дрес и поддршката што ја добивте од македонските навивачи се вистински пример за тоа што значи љубов кон татковината" истакна пред ракометарите премиерот Мицкоски.

Ова значи дека македонската експедиција ќе добие милион денари повеќе од претходно најавената премија за настапот на Мундијалот.

Share