hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров: Нацијата е желна за врвен ракомет, ни доаѓа врвна светска репрезентација

kire so slovenija izjava

Во рамки на ЕХФ неделата нашата сениорска селекција ќе оддигра двомеч против селекцијата на Словенија. Нашата сениорска репрзентација првиот натпревар ќе го оддигра во СЦ „Борис Трајковски" на 12.03. 2025 година со почеток во 20.00 часот, а потоа на 16.03. 2025 ќе гостува во Словенија, а натпреварот ќе се оддигра во Копер со почеток во 18.30 часот.

На првиот собир кој беше закажан денес говореше селекторот Кирил Лазаров.

„Сите билети се распродадоа во еден ден, тоа докажува дека нацијата е желна за квалитетен ракомет. Се соочуваме со сериозен противник кој неодамна играше полуфинале на Олимписки игри и беше петтопласиран на последното Европско првенство.

Словенија секогаш има високи амбиции, имаат специфичен стил на игра со одлична тактика и техника. Ќе пробаме максимално да го искористиме периодот за подготовка и се надевам дека ќе се прикажеме во одлично светло. Нема да биде воопшто лесно, можам слободно да кажам дека Словенија е меѓу осумте најдобри репрезентации во Европа и во светот. Ќе одработиме три тренинзи и ќе се спротивставиме на најдобар можен начин.

Мора да се бориме до крајот, исто како на мечевите на Мундијалот. Веруваме во позитивен резултат, до него можеме да стигнеме само со голема борба и пожртвуваност во играта. Ако одиграме на нашето најдобро ниво, мислам дека можеме да ја оствариме целта. Имаме млада и полетна екипа која одигра одлично на Светското првенство. Треба да ги повториме тие настапи и да не отстапуваме од нашиот стил", изјави Лазаров.

Првиот натпревар помеѓу Македонија и Словенија ќе се одигра на 12 март во Скопје, а возвратниот дуел е закажан за четири дена подоцна во Копер.

Share