Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров ќе биде еден од предавачите на меѓународниот проект „Handball 4 all", кој оваа година ќе се одржи од 28-30 јуни во Белград.
Станува збор за летна ракометна академија со специјална програма за развој на млади играчи и тренери.
Покрај Лазаров, во улога на предавач ќе биде и поранешниот селектор на Македонија, Драган Ѓукиќ. Темите на кои ќе се дискутира ќе бидат обработени теоретски и практично.
Присуството на „Handball 4 all" ќе биде бесплатно.