Македонија ќе игра во Вараждин со две европски селекции во групата за СП
Денес во Загреб се одржa ждрепката за Светското првенство во ракомет што од 12 јануари до 2 февруари 2025 година ќе се игра во Норвешка, Данска и Хрватска.
Македонија ќе игра во групата Д против Гвинеја, Холандија и Унгарија. Се оствари и желбата на Македонците, нашата репрезентација да игра во Хрватска, што значи ќе има силна подрршка од навивачите.
Извлекувањето се одржува во концертната сала „Ватрослав Лисински".
Светското првенство ќе се игра од 14 јануари до втори февруари во трите земји домаќини. Хрватска доби четири групи во првата фаза, а Норвешка и Данска по две. Главната фаза ќе се игра во четири групи, две во Загреб и Вараждин и по една во Осло и Хернинг. Престолнината на Хрватска ќе добие два четвртфинални и еден полуфинален дуел, додека останатите нокаут натпревари вкучувајќи го и финалето ќе се играат во Осло.