hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Македонија го загуби првиот дел од бараж-двомечот против Фарски Острови

rakomet-baraz-za-sp-farski-ostrovi-makedonija-5

Машката ракометна репрезентација на Македонија на гостувањето во Торшавн загуби од Фарски Острови со 34:27 (18:14) во првиот натпревар од бараж двомечот за пласман на Светското првенство. Седумте гола негатива ја отежнуваат позицијата на македонската репрезентација пред неделниот реванш во Скопје и го ставаат во голема неизвесност пласманот на СП 2025. Сепак, на домашен терен Македонија со поддршка од гледачите се трансформира и може секого да победи.

Во дуелот со Фараните, избраниците на селекторот Кирил Лазаров немаа решение за полетната игра на домаќините кои пред полните трибини на малата сала „Холин а Халси" дојдоа до голем триумф.

Репрезентацијата на Фарски Острови од стартот наметна својата игра и водеше во текот на целиот натпревар, Македонија бркаѓе резултат, но во ниеден момент не успеа посериозно да го загрози водството на домаќините.

Најефикасен во македонскиот состав беше Филип Кузмановски со осум гола, Марко Митев и Никола Костески постигнаа по пет, а четири погодоци без ниедно промашување имаше Милан Лазаревски.

Реванш натпреварот од бараж двомечот за пласман на Светското првенство се игра в недела од 19:00 часот во Скопје.

Share