Европската куќа на ракометот ги одреди судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од баражот за Светското првенство кое ќе се игра во 2025 година.
Македонија ќе игра со Фарски Острови, а првиот натпревар е на гости во Торшавн. ЕХФ одлучи во градот на Фараните да судат Германките Мајке Мерц и Тања Кутлер. Дуелот се игра на 8 мај.
Реваншот во Скопје, пак, е закажан на 12 мај во СЦ „Борис Трајковски", а на овој дуел правдата ќе ја делат Курсат Ердоган и Ибрахим Оздениз од Турција.
Победникот од овој двомеч ќе обезбеди место во групната фаза на СП 2025.