hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Македонија потклекна во финишот против поискусната Португалија

rakomet-ep-kvalifikacii--makedonija-portugalija 11

Македонија - Португалија 23:29 (11:14)

Македонската ракометна репрезентација денес го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското првенство во 2024 година, откако Португалија во „Борис Трајковски" славеше со 23:29. Првите минути од натпреварот донесоа борбена игра со малку голови.

Ние го отворивме натпреварот со голот на Џонов, а Португалците изедначија во петтата минута по два промашени напади. Се играше 18. минута кога Португалија за првпат поведе со три гола разлика (4:7). По наши неискористени два седмреци (Цветан Кузмановски и Филип Кузмановски) Португалија поведе и со 4:8. Следуваа минути во кои игравме поефикасно, па на пет минути до крајот на првиот дел се вративме на -1 (9:10). Во тие последни пет минути Португалија повторно беше подобриот тим, па ја врати предноста три гола (11:14).

Второто полувреме го отворивме со гол на Костадин Петров. Констатно бевме блиску и не дозволувавме Португалија да „одлепи", но никако не успевавме да дојдеме до изедначување. Сепак, следеше блескав период на нашите момци и на петнаесттина минути до крајот со голот на Кузмановски дури и поведовме со 20:19.

Сепак, нашиот напад повторно „застана" по тоа водство и Португалија со серија во 51. минута одново се врати на тие три гола предност кои ги имаше во најголема дел од средбата. Со таа предност гостите влегоа и во последните пет минути од средбата, па полека стануваше јасно дека тие ќе бидат победници во овој дуел.

Филип Кузмановски беше најефикасен кај нас со пет гола, Мартин Серафимов додаде четири, додека Иван Џонов ја заврши средбата со три гола. За три дена Португалија и Македонија ќе одиграат нов натпревар, но во Порто.

Share