hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Подмладени сме и мора да бидеме трпеливи

kire porto

Македонската ракометна репрезентација вчера почна, а денеска продолжува со подготовките за престојниот квалификациски двомеч со Португалија за ЕП 2024. Селекторот Лазаров има доста проблеми со отсуството на некои од носителите на играта како Талевски, Манасков и Георгиевски, па се реши и за дополнителен повик на Аларов и Мишевски, кои треба да бидат замена за повредените Пешевски и Танкоски.

На вчерашниот собир, Лазаров со своја оценка и очекувања од дуелите со Португалците.

„Ни следи тежок натпревар. Тие веќе 4-5 години играат заедно, имаат и поискусни играчи кои играат во големи клубови учесници и во Лигата на шампионите. Од она што го видов од видео-материјалите од последното Светско првенство се гледа дека се работи за многу воиграна репрезентација. Ќе имаме тешка работа, но мора да го искористиме времето за што подобро да се подготвиме и да го дадеме нашиот максимум во овој момент. Нашата репрезентација е драстично подмладена, правиме комплетна промена на генерации и мора да бидеме трпеливи. Ни требаат квалитетни натпревари, токму како овие со селекцијата на Португалија", вели Лазаров.

Македонија на 9 март ја пречекува Португалија, три дена подоцна го игра реваншот на гости.

Share