
Ракометната Федерација на Македонија денеска информираше дека се пуштени во продажба билетите на натпреварот на сениорската селекција против Португалија во првиот меч од квалификациите за ЕП 2024.
Дуелот се игра во четврток (09.03.2023 г.), со почеток во 19:00 часот во Спортскиот Центар „Борис Трајковски" во Скопје, а продажбата на влезници за натпреварот започнува денес во 12:00 часот online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk). Продажната цена на влезниците за натпреварот е 100 и 200 денари.