
Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објави списокот на ракометари за претстојните натпревари против репрезентацијата на Португалија во рамки на квалификациите за Европското првенство во Германкја.

Репрезентацијата на Македонија е дел од група 1 заедно со репрезентациите на Португалија, Турција и Луксембург во квалификациите за пласман на Европското првенство. Во рамките на ЕХФ неделата, македонските ракометари ќе одиграат квалификациски натпревари против селекцијата на Португалија во Скопје на 9 март и во Порто на 12 март.