hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Кирил Лазаров дел од „Global Handball Summit 2023“

samit kire

Изминативе неколку денови во Скопје се одржа голем ракометен собир. „Global Handball Summit 2023" ги собра на едно место Давид Дејвис, Ненад Шоштариќ, Лино Червар, Кире Лазаров, Серхио Санчез, Антонио Карлос Ортега, Матс Олсон, Марија Лојаница, Славе Николов и Ѓорги Начевски и други. Присутните навистина имаа што да слушнат и видат во теоретскиот и практичниот дел.

Настанот го отвори генералниот секретар на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК), проф. д-р Сашо Поповски. Учество на самитот зедоа голем број наши тренери и спортски работници. Практичниот дел и показните вежби се одржаа во Олимпискиот центар Јане Сандански.

Претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК), м-р Даниел Димевски ги додели сертификатите на предавачите и учесниците на самитот кој што беше под покровителство на Македонскиот олимписки комитет.

Share