hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија моќно ги почна квалификациите, Луксембург збришан на дуелот во Скопје

mkdlux

Македонија - Луксембург 38:24 (18:7)

Македонската ракометна репрезентација како и што се очекуваше на стартот од квалификациите за Европското првенство во 2024 година во Германија забележа лесна и убедлива победа од 38:24 против Луксембург во Скопје.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров фуриозно го започнаа натпреварот и со головите на Талески, Серафимов и Ѓорѓиев по три минути игра поведе со 3:0.

Гостите првиот гол го постигнаа во четвртата минута преку Вирц, но „црвено-жолтите" го контролираа и резултатот и играта и ја оправдаа фаворитската улога. На средина од првиот дел по голот на Петар Атанасијевиќ, Македонија поведе со пет гола разлика (9:4), а во 20. минута веќе на семафорот во СЦ „Борис Трајковски" веќе беше 12:4. Последните десет минути македонските ракометари рутински ги одиграа и првиот дел го завршија со убедливи 11 гола предност – 18:7 и во целост ја оправдаа фаворитската улога. Вториот дел беше чиста рутина иако попуштивме во одбраната и примивме 17 голови (20:17).

Цветан Кузмановски, Филип Куамановски и Мартин Серафимов постигнаа по пет гола, а четири даде Игор Ѓорѓиев. Хофман и Вердел постигнаа по четири гола за Луксембург. Никола Митревски натпреварот го заврши со осум одбрани со процент на одбранети удари над 53%, додека младиот Марко Кизиќ одбрани шест удари.

Share