Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за претстојните натпревари во рамки на квалификациите за Европското првенство.
Сениорската машка репрезентација на Македонија е дел од група 1 заедно со репрезентациите на Португалија, Турција и Луксембург во квалификациите за пласман на Европското Првенство 2024 кое ќе се одржи во период од 10 део 28 јануари 2024 година во Германија.
Во рамки на ЕХФ неделата сениорките ќе одиграат два натпревари во квалификациската група. Првиот натпревар е во Скопје против селекцијата на Луксембург на 12 октомври, а потоа против селекцијата на Турција во Ван на 16 октомври.