hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров го пушти во употреба мултифункционалното игралиште кое го носи неговото име

lazarov sveti nikole

Најдобриот македонски ракометар, а од минатата сезона и селектор на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров денес доби свое мултифункционално игралиште, кое и официјално го пушти во употреба.

290809897 10222917011414933 484254545682305883 n

Во организација на Видеолотарија на Македонија, легендата на македонскиот и светиниколскиот ракомет Кирил Лазаров, автомобилскиот ас Иџе Стефановски, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), ЈКП Комуналец и други помагатели денес беше пуштен во употреба овој велелетен проект во Свети Николе, насловен како мултифункционалното спортско игралиште ,,Кирил Лазаров ".

290930677 10222917011014923 1568383009219853395 n

Лазаров како бренд амбасадар на Видеолотарија се потсети на своите почетоци, бидејќи токму на ова игралиште ги направи првите чекори. Сега со комплетното реновирање и беспрекорниот изглед, младите спортисти од Свети Николе ќе имаат одлични услови за надградба.

290946258 10222917019015123 1609477448760698629 n

291122036 10222917011694940 3302975998266542612 n

 

Share