hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Десетти роденден на официјалната веб страница на Кирил Лазаров

kire sjat 10

Пред десет години на интернет просторот се појави првата официјална веб страница на еден наш професионален спортист. Веб страницата на Кирил Лазаров еволуираше, победуваше, се радуваше и тагуваше напоредно со нашиот најдобар спортист.

На 7 јули 2012 година за првпат во етерот се појави офијалниот медиум, кој ги сублимира сите ракометни настани, збиднувања, занимливости поврзани со асот на македонската репрезентација.

Овој период од десет години се поклопува со најпозитивните моменти во кариерата на Лазаров. Го освои трофејот од Лигата на шампионите, три пати во серија стана светски клубски првак, ја мина границата од 1.000 гола во репрезентацијата и во Лигата на шампионите и доживеа величенствен крај на кариерата во Нант. Во меѓувреме започна и тренерска кариера и таму победува како најчесто во кариерата.

Нека биде вака успешен и во иднина!

Share