Лазаров: Горд сум на постигнатото и чест ми е што играв во Нант и Франција!
Поранешниот македонски селектор Раул Гонзалез и неговите играчи не дозволија волшебно збогување од активното играње на Кирил Лазаров. Македонскиот репрезентативен капитен пред само два дена се збогуваше од публиката во Нант, па очигледно финалето со ПСЖ дојде и пребрзо за него и неговите соиграчи.
„ПСЖ одигра добро и заслужено победи. Тие се квалитетен тим, беа одморни и добро се подготвија за овој дуел, бидејќи имаа доволно време, додека ние се боревме за второто место. Нема дилема дека заслужено победија.
Ова ми е последен натпревар во кариерата. Искрено повеќе жалам за Нант, што како тим не освоивме пехар, отколку за мене самиот. Горд сум на тоа што го постигнав низ годините и слободно можам да кажам дека ми е чест што играв во Нант и во во Франција", изјави Лазаров веднаш по одигрувањето на финалето.
Следната недела, по завршувањето на комерцијалните активности во својот клуб, Лазаров ќе се врати во Македонија и ќе се посвети на подготовките со македонската репрезентација за Медитеранските игри.