hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ПСЖ го освои Купот на Франција, Лазаров во легендарниот „Париз Берси“ ја заврши кариерата

kup na Francija 2

Нант - ПСЖ 31:36 (13:18)

Првакот на Франција, ПСЖ е освојувач на Купот на Франција, откако во финалето беше подобар од освојувачот на Лига Купот, Нант со 36:31. Дуелот пред 20.000 гледачи во Париз донесе доминантно издание на „светците", кои не дозволија драма во финишот. Нашиот Кирил Лазаров го одигра последниот натпревар во својата кариера, неговата екипа имаше одлично отворање и еден добар период во вториот дел, но сепак екипата на Раул Гонзалез одигра поконзистентно и заслужено се радуваше.

„Светците" прашањето на победникот го решија уште во првото полувреме, во кое поведоа со пет гола предност. Нант заигра нешто подобро на стартот од вториот дел, Лазаров и соиграчите намалија на -2, но ПСЖ предводен од Ремили набрзо се врати во ритам и ја врати удобната предност. Вицешампионот се обиде и со „седум на шест", но ПСЖ и на тоа добро се снајде и заслужено стигнаа до победата.

Со овој натпревар се заврши блескавата кариера на Кирил Лазаров, која траеше повеќе од две децении и донесе преку педесет трофеи.

Share