hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Победата е добредојдена, иако Израел нè изненади!

processed-87091dfa-3b32-464e-9ac0-bb0660deef72 NndZz1jP

Ракометната репрезентација на Македонија во првиот контролен дуел против Израел забележа победа од 31:28 и ја продолжи триумфалната серија во подготвителниот период пред заминувањето за Унгарија и настапот на Европското првенство.

Нашиот национален тим минатата недела забележа две победи над Кувајт во подготовките за настап на Европското првенство, на кое прв противник на избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе биде Словенија, на 13 јануари во Дебрецин.

„Имавме повеќе проблеми на подготовките. Имавме 10 од 12 играчи кои имаа вирус, но го поминавме тоа. Пешевски се приклучи на тимот по Нова година и доби температура, меѓутоа мислам дека утре ќе има тренинг. Не сакавме да ризикуваме со него и тој е еден од ракометарите кои се соочија со вирусоt. Натпреварот ме изненади, иако го анализиравме противникот и гледавме многу видео материјал. Меѓутоа не е исто на видео и во живо, тие играат квалитетен ракомет и покажаа дека играат добро. Тие имаат одличен систем и имаат осум-девет бекови кои можат да влезат во игра. Ние имавме проблеми, но мислам дека добро ни дојде победата. Сметам дека имаме доволно време да ги поправиме грешките, а имаме уште седум-осум дена да тренираме комплетни и да ги поправиме недостатоците кои се покажаа на мечот", кажа селекторот.

Македонскиот тренер кажа дека ќе смета на сите ракометари до крајот, бидејќи ситуацијата со ковид-19 би можела да ги искомплицира работите.

„Митев заработи бизарна повреда и најверојатно нема да оди на Европското првенство. На собир треба да има 23 од 24 ракометари поради целата ситуација со ковид-19 и останатите вируси. Им кажав и на тие кои не тренираат со нас по Маврово дека би можеле да ни бидат потребни и да се приклучат на репрезентацијата", смета Лазаров.

Откако Лазаров ја презеде репрезентацијата има максимален учинок на сите домашни натпревари, без разлика дали се официјални или пријателски.

Share