hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант го распарчи Шамбери и го освои Лига Купот на Франција

liga kup francija

Нант - Шамбери 28:21 (15:11)

Перфектниот викенд во Мец е заокружен со трофеј за Нант и Кирил Лазаров. Прекрасната приказна на „виолетовите" кулминираше со втората победа во два дена, овојпат против Шамбери со 28:21. Навидум полесно од предвиденото беше победен тимот кој вчера го изненади ПСЖ и спречи финале на Лазаров и другарите против најскапиот тим во Европа.

Момците на Ентрериос покажаа многу повеќе во оваа битка за титулата, беа подобри во двете полувремиња. Нант на одмор замина со 13:10, а во второто полувреме беше подобар со 15:11 и заслужено се израдува на пехарот во ова натпреварување.

Нилсен беше прво име во победничкиот табор со 19 одбрани, а капитенот Ривера запиша шест гола од шест обиди. Лазаров дуелот го заврши со два погодоци. Кај Шамбери, Артур Анкетил стрелаше четири пати.

Со овој трофеј Кирил Лазаров ја збогати својата колекција, освојувајќи трофеј и во петта различна земја. За Нант ова е втора титула во францускиот Лига Куп, по онаа во 2015 година.

Share