hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант триумфално се враќа од Русија, супер-партија на Лазаров

кире ЛЕ

Чеховски Медведи - Нант 31:35 (10:15)

Продолжува позитивниот момент на ракометарите на Нант. Кирил Лазаров и соиграчите славеа на гостувањето кај Чеховски Медведи со 31-35, забележувајќи ја третата победа во групната фаза на ракометната Лига на Европа. Францускиот состав одлично се снајде на гостински терен во Русија и уште на полувреме имаше резултат 10:15, кој ја најави успешната епизода во европското натпреварување за Нант.

Чеховски Медведи намали на два негатива во вториот дел, но Нант го неутрализираше отпорот на домаќините и во еден момент стигна на плус седум, што беше потврда за триумф.

Најдобри кај стрелците беа Ривера и Кавалканти со по шест постигнати гола, додека македонскиот ракометар Лазаров даде два гола. Кај Русите, Котов и Емраков имаа по шест гола.

Share