hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант пресилен за Шартр, само ПСЖ има подобар старт во шампионатот

lazarov nant

Шартр - Нант 27:33 (14:17)

Продолжува победничката серија на Нант во францускиот шампион и ЕХФ лига Европа. Кирил Лазаров и соиграчите славеа на гостувањето кај Шартр со 27:33. Гостите на полувреме имаа предност од 14:17, а по одморот го засилија темпото, ја зголемија предноста и дојдоа до сигурна победа против тимот кој победуваше на претходните две средби на домашен терен.

Нашиот репрезентативен капитен постигна два погодоци, а незапирлив за Шартр беше Шпанецот Валеро Ривера кој постигна дури дванаесет голови на оваа средба. Новиот српскиот кружен напаѓач Пешмалбек го заврши дуелот со пет гола, а солиден настап имаше и голманот Нилсен со девет одбрани.

Со оваа победа Нант е на делба на второто место со 15 бодови, три помалку од лидерот ПСЖ, кој има и натпревар помалку.

Share