hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант го надигра Гудме, Лазаров автор на четири гола

lazarov protiv Gudme

Нант - ГОГ Гудме 27:24 (11:8)

По поразот од Лемго и победата во Финска, ракометарите на Нант ја запишаа и втората победа во три кола на групната фаза на ЕХФ Лига Европа, прва на домашен терен. Екипата на нашиот Кирил Лазаров ја доби пресметката со ГОГ Гудме од Данска со 27:24.

Од самиот старт момците на Алберто Ентрериос се наметнаа и по првото полувреме беа подобри за три гола (11:8). Во продолжението предноста не се намали и бодовите останаа во Франција.

Мине со шест гола беше прв стрелец кај победникот, додека кај ГОГ најмногу се истакна Толбринг со девет реализации. Македонскиот репрезентативец натпреварот го заврши со четири гола од девет обиди.

Нант во групата Б има учинокод две победи и еден пораз и во следното коло гостува во Русија кај Чеховски Медведи.

Share