hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант по седум години го враќа Македа, потпиша двегодишен договор

makeda

Нант денес го потврди четвртото засилување за следната сезона, а овој пат се работи за десната бековска позиција. Таму Нант ќе биде сериозно ослабен по заминувањето на македонскиот капитен и селектор, Кирил Лазаров, кој веќе најави дека ја игра последната сезона, а неговиот наследник ќе биде Шпанец.

Се работи за Хорхе Македа, кој сезонава е член на Веспрем, клуб со кој не успеа да стигне до нова европска клупска титула. Македа ќе треба да го покрие отсуството на Лазаров, додека Нант ќе мора да се адаптира на големиот број промени, вклучувајќи го и потврденото заминување на актуелниот тренер Алберто Ентрериос.

Македа веќе настапуваше за Нант меѓу 2012 и 2015 година.

Share