hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Три големи имиња ја почнаа последната сезона во францускиот шампионат

kire nant

Овој викенд започна францускиот ракометен шампионат, никогаш посилен и покомпетитивен. Трката за титулата на ПСЖ започна од првото коло, а ова првенство е специфично по уште една работа,

Последна сезона во првенството на Франција играат Микаел Хансен, Надел Ремили и Кирил Лазаров. Првите двајца следната сезона се селат во нови средини, Алборг и Киелце, а третиот ја завршува кариерата.

Тиражниот „Л'Екип" им посвети цела една страница на трите големи ракометни имиња, кои веќе го почнаа последниот француски предизвик. 41-годишниот Кирил Лазаров со ентузијазам гледа на новата сезона, негова четврта во Франција.

„Го продолжив договорот со Нант за да продолжам играњето на ова ниво и да испишувам историја со клубот. Двапати игравме на завршниот турнир во Лигата на шампионите, а сега ќе се бориме за шампионатот на Франција и Лига Европа. Веќе четири години живеам една прекрасна приказна во овој клуб и со овие навивачи. И конкуренцијата е силна, посебно сега кога пристигнаа Милан Милиќ и Линус Персон", вели Лазаров.

Во првото коло на новото првенство, Нант загуби од Сесон Рен со 29:27, а Лазаров беше најефикасен на натпреварот со шест погодоци.

Share