hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант поразен по голема драма на гостувањето во Рен

lazarov so ren

Сесон Рен - Нант 29:27 (13:15)

Иако имаа перфектен подготвителен период и ги победија сите натпревари, ракометарите на Нант со пораз го отвори новото француско првенство. Веројатно во најквалитетното и највозбудливо натпреварување во земјата олимписки победник, можно ќе биде секој секого да победи, а демонстрација за тоа е поразот на Нант на теренот на Сесон Рен со 29:27 (13:15).

Сигурно ова не беше посакуван начин екипата на Нант да ја започне сезоната. Фаворитот водеше на полувреме со 13:15, но дозволи пресврт во продолжението и на крајот остана со празни раце на ова гостување кај Сесон.

Лазаров натпреварот го заврши натпреварот со шест голови како најефикасен кај Нант заедно со Мин кој имал ист реализаторски ефект, додека во редовите на Сесон, идентичен учинок имал Молини.

На денешните натпревари од француското првенство, домаќините остварија четири победи, а единствената гостинска екипа која триумфираше е Шамбери и тоа во дуелот со Тулуз.

Share