hummel Logo 160

skolo logo fb

LIVESCORE.in
OFF

2WIN.MK-page-001

Нант одбра два нови голмани од следната сезона

Screenshot 2021-09-06 at 16-39-29 HBC Nantes Facebook

На неколку дена до почетокот на новата сезона во францускиот ракометен шампионат, Нант ги официјализираше голманите за следната сезона. На оваа позиција четвртопласираната екипа во Европа ќе прави комплетна реконструкција, бидејќи на местата на актуелните голмани веќе се ангажирани нови.

Емил Нилсен, си оди од Нант на крајот на сезоната, а следна дестинација ќе му биде Барселона. Исто така Микаел Робин се наоѓа на истек на договорот и клубот се одлучи за нови имиња.

Тоа се Иван Пешиќ, во моментов чувар на мрежата на Мешков Брет и исландскиот талент Виктор Халгримсон. Двајцата потпишаа тригодишни договори со Нант.