hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант игра во страшна форма, екипата на Лазаров го освои и турнирот во Лимож

tunir limoz

Продолжуваат импресивните победи и одличната форма на ракометарите на Нант во подготвителниот период. По освоените турнири ви Шпанија и Португалија, полуфиналистот на Лигата на шампионите од минатата сезона го подигна пехарот и на турнирот во Лимож. Пред почетокот на новиот шампионат на Франција, четири екипи спарингуваа меѓусебе во убав амбиент и делумно исполнето гледалиште.

Домаќинот Лимож, Монпелје, Нант и Ним играа по два натпревари, а Нант со две победи го освои првото место. Најнапред во полуфиналето Нант беше подобар од Ним со 29:26, а Лимож го изненади Монпелје.

Денешното финале беше нерамноправно и екипата на Алберто Ентрериос извојува победа од 36:26. Лазаров доби шанси и беше меѓу најзабележителните во двата натпревари. Победите добиваат на тежина, бидејќи Нант настапи без четворица стандардни ракометари,

Француското првенство почнува на 11 септември, а во првото коло Нант гостува кај Сесон Рен.

Share