Не можеше подобро да започне сезоната за француски Нант. Имено, екипата на најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров го освои првиот пехар во претсезоната. Нант е победник на турнирот кој се одржа во Сан Себастијан.
Во полуфиналето Нант беше подобар од Натурхаус Ла Риоха од Логроњо со 33:28, а во финалето го надигра и тимот на Бидасоа Ирун со 24:37.
Нант е третопласиран од минатата сезона во француското првенство и четвртопласиран во Лигата на шампионите, а во сезоната 2021/22 ќе се натпреварува во групната фаза на Лига Европа.