hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Во овој млад тим има „материјал“ и за сениорската репрезентација

M19-EHF-Ch-POL-MKD-15.08.2021-4729-768x512

Селекторот Кирил Лазаров имаше што да види во овие пет натпревари на Македонија на ЕХФ Шампионатот за ракометари до 19 години. Како селектор и на сениорската селекција, тој директно видеа каков „материјал" има нашата земја.

По поразот во финалето од Полска со 35:33 селекторот изјави:

„Мислам не треба да бидеме паметни за да процениме, промашивме многу зицери и изградени ситуации, посебно од пикерска и крилна позиција. Промашивме и два пенали и против една сериозна селекција како Полска со такви работи немаше што да се бара. Во подготвителниот период дури и кога победувавме ни се случуваа вакви работи. Мислам дека проблемот е психолошки. Игра имаме, никој не може да ме увери дека немаме, ја размрдавме енергијата, имаме транзиција, трчаме и се враќаме. На овој турнир имаше доста квалитетни репрезентации од типот на Полска, Швајцарија па дури и Грција. Еве да кажеме за Полска, имаат седум до осум играчи од младинските категории на Киелце, погони кои се долго време во систем. Имаат два до три играчи во Германија, што покажува дека имаат поминато доста.

Можеме многу да научиме од овие работи. Ние сме на почеток да создаваме. Се надевам дека како втори ќе имаме уште една шанса, да можеме да се бориме да се пласираме на тоа ЕП. Наводно е најавено, но не е потврдено. Но тоа би било една добра шанса. Тоа би било во месец март. Ова ни покажува дека сите држави во младинските категории, не само најдобрите, туку сите, вложуваат и се трпеливи за резултат. Мора да промениме многу работи, пред се во клубовите и да почнеме сериозно, затоа што видовте каков атомски ракомет се играше и од наша страна и од страна на Полска.

Ние се подготвивме добро, мислам дека и физички добро издржавме. Мене само не ми се верува како во неполн ден променија толку многу работи. Тоа покажува дека во мечот за полуфинале ние ги изненадивме. Не велам дека не надмудрија, туку тоа е еден систем. Меѓутоа јас сум горд на момците. Мислам дека извадивме максимум. Не велам дека ние бевме подобри, туку системски Полјаците беа подобри од нас, иако ги победивме претходно. Ривалот покажа систем, дека минале една школа. Не е ова алиби, напротив, мене ми е криво што не победивме. Но, мора да се сложиме дека презентиравме добар ракомет. Се заљубив во овие деца, сакав да им се оддолжам и верувам во нив. Но, мора да знаат дека мора да работат и индивидуално, не само во клубовите, ако сакаат да ги пратат нивните врсници не говорам тука за домашни, туку за меѓународни рамки".

Младата машка македонска репрезентација не успеа да го освои ЕХФ шампионатот до 19 години, но освои многу симпатии и подготвки една група на ракометари за она што ги очекува во иднина.

Share