hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Покажавме карактер, ова е историска победа за овие млади момци!

M19-EHF-Ch-MKD-SUI-13.08.2021-3685-768x512

Селекторот на македонската кадетска репрезентација, Кирил Лазаров сосема очекувано е горд на пласманот на кадетската репрезентација на Македонија во финалето на ЕХФ шампионатот по победата во пенал-рулетот над Швајцарија.

Селекторот го нагласи задоволството од начинот на кој играа кадетите за кои верува дека може да дојдат и до комплетен триумф на шампионатот.

„Драго ми поради момците што успеаја да се изборат за финале. Начинот на кој се дојде до победата и се она што се случуваше на теренот на овој историски и интересен натпревар е навистина за гордот. Среќен сум поради момците, мислан дека и Господ не награди на крај. Покажаа ракометарите карактер на овој натпревар. Оваа победа сигурен сум дека ќе ни даде уште поголем мотив за финалето против Полска. Верувам дека ќе дадат се од себе и на тој меч за победа", рече Лазаров.

Утре е слободен ден на турнирот, а натпреварите за пласман се играат в недела. Финалето меѓу Македонија и Полска се игра од 18:00 часот.

Share