hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија ја доби пенал-драмата и избори финале со Полска на ЕХФ-шампионатот

M19-EHF-Ch-MKD-SUI-13.08.2021-3772-768x512

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија дојде до голема победа на ЕХФ шампионатот во Скопје откако славеше во полуфиналниот натпревар против Швајцарија по подоброто изведување на пеналите.

Избраниците на Кире Лазаров славеа на овој натпревар со 34:33 откако во регуларниот дел резултатот беше 28:28 и уште еднаш покажаа дека воведниот пораз од Грција беше само лош ден за нив. До половина од првото полувреме Швајцарија го диктираше темпото, но тогаш нашите млади момци направија серија од 5:0 и и поведоа со 7:10 на десет минути до крајот на првиот дел. На полувреме заминавме со предност од 13:15.

Откако стигнуваа на еден гол разлика Швајцарците дојдоа до изедначување во 50. минута, на пет минути до крајот имаа и водство од еден разлика. Сепак, момците на Лазаров го вративме водството со два гола. Швајцарците изедначија на минута до крајот. Следеа промашувања во обидот да се дојде до победа и дуелот влезе во пенал-рулет.

Во пенал серијата не беа доволни пет, па имаше нова серија во која Македонија беше подобра и Митев погоди за 34:33, валоризирајќи ги трите одбранети седмерци на Иван Галевски. Победа во финалниот натпревар против Полска ќе ни донесе промоција и во Европскиот шампионат на ЕХФ.

Share