hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Бевме трпеливи и многу подобри од натпреварот против Грција

лазаров МКД

По победата од 30-25 во дуелот против Полска, македонската кадетска репрезентација се пласираше во полуфиналето на ЕХФ-шампионатот за играчи до 19 години што се игра во Скопје.

Во составот предводен од селекторот Кирил Лазаров најефикасен со седум гола беше Митев додека Атанасијевиќ и Петковски по четири пати се запишаа во листата на стрелците. Голманите Галевски и Ерманоски имаа по четири интервенции.

Селекторот Лазаров по натпреварот упати зборови за поддршка и охрабрување за ракометарите, два дена по неочекуваниот пораз од Грција.

„Одигравме многу подобар мел отколку пред два дена. Се изборивме со притисокот што сами си го наметнавме и се пласиравме во посакуваното полуфинале, а сега одиме на тоа да го освоиме Шампионатот. Денес, успеавме да реализираме голем дел, 70-80% од тоа што се договаравме. Имавме и на овој натпревар доста нереализирани чисти ситуации. Навистина не знам на што се должи тоа, веројатно е психолошки момент. Ние навистина се обидуваме да ги ослободиме од притисок момците. Пред натпреварот им кажав дека и да загубиме, не е крај, дека ќе продолжиме напред, со главите горе. Ако сакаме да изградиме тим, мораме да бидеме и трпеливи, но и за нив е подобро ако тимот го градиме преку учества на Светски и Европски првенств", рече селекторот.

Со оваа победа нашата репрезентација се избори за пласман во полуфинале каде влегува како второпласирана од својата група, покрај Полска.

Турнирот се одржува во салата „Борис Трајковски" во Скопје.

Share