hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија се разбуди во финишот и донесе полн плен од Финска

20210428-fin-mkd-3

Финска - Македонија 22:27 (14:12)

Македонската ракометна репрезентација ја запиша четвртата победа во квалификациите за Европското првенство во јануари, откако попладнево со 22:27 (14:12) ја совлада Финска на гостувањето во Рихимаки.

Одличната завршница и серијата од пет гола во последните десет минути од средбата во која влеговме егал со противникот 19:19, ни донесе значајна победа.

Со Финците игравме егал во најголемиот дел од средбата, која селекторот Лазаров не ја стартуваше со најдобрата постава туку даде предност и на помладите. Во првото полувреме Македонија единственото водство го имаше на 5:6 по седмерецот на Филип Кузмановски, за подоцна да се најде во највисока негатива од три гола, 12:9, додека на полувремето имавме -2 (14:12).

Предноста од гол или два, Финска ја задржуваше до 42-та минута, кога на семафорот стоеше 18-18. Македонските ракометари со нова серија, овој пат 5-1, стигнаа до 23-19, што значеше најголема предност. Водството благодарение на искуството беше зачувано и преточено во триумф, вреден билет за пласман на Европско првенство.

Кирил Лазаров и Филип Кузманоски реализираа по пет погодоци, а добар меч имаше голманскиот тандем Никола Митревски-Мартин Томовски, кој искомбинира 15 одбрани. Гранлуд кај Финците беше најефикасен со шест погодоци.

Швајцарците, кои денес загубија од Данска со 29:30, ќе бидат нашите последни ривали во овој квалификациски циклус на 2 мај во СЦ „Јане Сандански" во Скопје.

Share