hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Имаме победнички карактер, сериозно пристапуваме на дуелот со Финска

kire za finska

Селекциите на Финска и Швајцарија се последните противници на македонската рекометна репрезентација во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година. Селекторот Лазаров и неговите избраници утрово се собраа, а попладнево го одржаа првиот тренинг во подготовките за дуелот со Финска.

Селекторот го потенцираше победничкиот дух на селекцијата и новиот стручек штаб и вети игра на победа против секој ривал.

„Колку и да сме свесни дека во голема мера сме пласирани на ЕП, ние како стручен штаб нема да дозволиме опуштење. Ние сме победници и сакаме да победуваме, имаме голема желба, љубов, ентузијазам за работа и тоа ќе не води на секој натпревар. Максимално сериозно пристапуваме на овие два дуели и покрај тоа што нема многу време затоа што веќе утре заминуваме на пат за Финска. Но, искусни сме при едни вакви ситуации.

Веќе ги анализиравме Финците и знаеме со што ќе се соочиме во среда. Не може да не изненадат, повеќе или помалце сме подготвени за тој натпревар затоа што веќе фативме и рутина на системот во кој играме. Ја прифаќаме фаворитската улога против Финска, треба да се испочитуваме самите себе, ние сме ракометна нација, и клупски и на репрезентативно ниво, и така треба да се поставиме и секој да си го преземе својот дел од одговорноста, прво јас како селектор а потоа и секој од играчите. Не треба да се посомневаме дека Финска треба да ја победиме, иако носиме огромен респект за нив и нивниот ракомет", рече Лазаров.

Утре наутро репрезентацијата тренира во Скопје, а потоа патува за Финска на последното гостување во евро-квалификациите.

Share