hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

РЕКОРД: Лазаров е ракометар со најголем број настапи во Лигата на шампионите

lazarov nant

Македонија од денес има рекордот во најквалитетното клупско натпреварување во ракомет. Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров на гостувањето во Киелце го одигра својот 250-ти натпревар во најсилното клупско натпреварување.

Досегашниот рекордер Арпад Штербик е минат и сега е зад нашиот Лазаров со 249 настапи, а трет на листата е Тиери Омејер со 240 настапи.

Лазаров е и најдобриот стрелец на сите времиња во Лигата на шампионите, натпреварување во кое играше во дресот на тимовите на Борец, Пелистер, Загреб, Вепрем, Реновалиа Сиудад Реал (Атлетико Мадрид), Барселона и Нант.

Share