hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Данска ја прекина хрватската „рапсодија„ и обезбеди финале

egert 2

Данска е вториот финалист на Светското ракометно првенство откако во второто полуфинале ја совладаа Хрватска со 30:24 (14:11) па в недела ќе се борат за златото против домаќинот Шпанија. Хрватите кои имаа стоотстотен учинок до полуфиналето, го загубија најважниот натпревар. Уште од стартот на дуелот се гледаше разликата во квалитетот, особено што Хрватите беа ослабени со неиграњето на неколкуте стандардни првотимци поради повреда и Дувњак играше со температура. При крајот на првиот дел се повреди и нивниот прв дефанзивец Вуковиќ, па Данска почна фуриозно, Хрватска постигна само еден гол во првите 11 минути и тука веќе беше најава за нивниот крај. Предводник на Данците кон победа беше голманот Никлас Ландин со 16 интервенции, додека во нападот Андерс Егерт со 9 постигнати гола беше незапирлив. Јеспер Нодесбо постигна пет гола, а Микел Хансен заврши со само еден гол во мрежата на Хрватите, но играше многу колективно. На спротивната страна Бичаниќ постигна седум гола, а Дувњак четири гола.

Share