hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Ривера: „Играта станува побрза, погледлива, поубава„

spanec

Најтрофејниот тренер во историјата на ракометот, каталонецот Валерио Ривера се врати во родната Барселона, откако со националниот тим на „црвената фурија„ преку Мадрид и Сарагоса стигна до полуфиналето. Така скоро цела една деценија се потврдува дека организаторот на еден мундијал стигнува најмалку до полуфинале . „Мислам дека се менува начинот на кој што се игра ракометот. Играта е побрза, подинамична, погледлива. Судиите исто така се битен фактор и нивната улога е влијателна. На турнирот се издвоија репрезентации кои играат во таа насока. Македонија има квалитет како и останатите селекции од бивша Југославија. Не е лесно секоја година да се биде на врвот. Секоја година има едно големо натпреварување и навистина е тешко да се повторат некои резултати. Еве гледате и Франција не може постојано да биде прва. Сега не размислуваме многу за квалификациите за европското првенство, но ние во првите два меча си ја завршивме работата. Ги совладавме Португалија и Швајцарија и мирни го чекаме продолжувањето на квалификациите. Со Македонија ќе биде тешко и на домашен и на гостински терен. Верувам дека од тие мечеви ќе зависи многу, кои селекции ќе патуваат на европското првенство во Данска„ ни рече Ривера. Човекот направи „револуција„ во шпанскиот национален тим и повеќе ги нема Омбрадос, Хуанин Гарсија, Чема Родригез, Икер Ромеро повредени се Гурбиндо, Раул Ентрериос и Угалде, но Шпанија создава генерација за злато на ова првенство и врвни достигнувања на наредните.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share