hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Ѓукиќ: „Треба сите да посветиме повеќе внимание на младите„

dragan djukic

Бившиот македонски селектор Драган Ѓукиќ е гостин на скоро сите големи ракометни приредби. Човекот кој го водеше Вардар Про до полуфинале на КПК и еден квалификациски циклус на кормилото на нашата репрезентација, го прокоментира нашиот мундијал во Шпанија. „Сите треба да бидеме задоволно што Македонија е присутна на ова Светско првенство. Одиграме пет одлични натпревари, можеби малку потрфливте на овој последен натпревар, но генерално не треба премногу да го критикувате вашиот тим. Треба само сите заедно на овие простори малку повеќе да мислиме на младите категории. Јас ги следам сите големи приредби на млади ракометари. Бев предминатата година во Грција, сега наредната година планирам да одам во БиХ на младинскиот мундијал. И вие мора да бидете спремни кога оваа генерација ќе си замине од сцена, адекватно да ја замените. Вие имате два добро организирани клуба, кои одлично се развиваат и треба само така да продолжите. Се радувам што имавте незаборавно европско првенство во Србија и малку ви фалеше таму да освоите медал„ заклучи човекот кој сега е селектор на Израел. Претходно освен Македонија, ја водеше и Швајцарија и на последните Олимписки игри репрезентацијата на Велика Британија.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share