hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Гајиќ: „Играме како Кил на Сердарушиќ„

dragan gajic

По синоќешната победа на Словенија над Египет, оваа млада репрезентација која загуби од нашата во мечот за петтото место на Европското првенство во Србија, веќе обезбеди четвртфинале на мундијалот. И не само тоа, бидејќи на сите шест натпревари забележа победи, не може повеќе да се нарече изненадување и сите сериозна ќе ја сватат. Минатиот јануари Драган Гајиќ водеше мртва трка со нашиот Лазаров за првото место на листата на стрелците. Сега игра пак на високо ниво и играта на неговата репрезентација го спореди со играта на Кил кога тренер на оваа екипа беше легендарниот Нока Сердарушиќ.

„Играме баш како тој Кил. Нашиот селектор соработуваше со Нока и го играат истиот систем. Се обидуваме да играме брзо, комбинаторно и тоа ни успева. За вака да играте треба и да имате такви играчи. Следи Русија и тие имаат поинаква репрезентација, многу физичка и нема да биде лесно со нив. Но ние ја играме нашата игра и со самодовербата со овие победи, верувам дека можеме до полуфинале„ ни рече Гајиќ откако неговата репрезентација без пораз стигна до четвртфинале со лесната победа над Египет. И кога освоија сребро на Европското првенство на кое беа домаќини, не играа вака допадливо и немаа максимален учинок.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share