hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Бараше: „Македонија има голем прогрес, Лазаров е фантастичен„

barase francija

Еден од ракометарите од новиот бран во Франција, Ксавиер Бараше од пред неколку месеци е клубски другар на Кирил Лазаров во Атлетико Мадрид. Осминафиналниот меч со Исланд го виде многу тешко и израмнето. „Исланд ни создаде мнигу грижи. Не игравме сјајно, но најважно е што обезбедивме четвртфинале и се надевам дека можеме да стигнеме што е можно подалеку„ рече Бараше. Тој го прокоментира и настапот на македонската репрезентација и на неговиот клубски другар Лазаров. „Мислам дека прогресот на вашата репрезентација е видлив. Благодарение посебно на Лазаров и неговите голови и асистенции стигнавте до ова осминафинале. Само така да продолжите„ ни рече Бараше, кој на крајот запршан за Лазаров како личност ни изјави: „Вие го познавате подобро од мене. Тој е љубезен, без разлика што се бориме за исто место ви тимот, многу си помагаме. Се работи за извонреден спортист„ заврши бившиот ракометар на Шамбери, веќе светски и олимписки првак во дресот на Франција.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share