hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Данска, Русија и Франција им се приклучија на Германија

francija - island

На првиот ден од елиминационата програма немаше големи изненадувања за пласман во четвртфиналето. Иако селекции како Исланд и Бразил демонстрираа силен отпор, сепак меѓу осумте најдобри одат оние најсилните, фаворитите. Тунис многу лесно беше скршен од Данска, која потврди дека уморот и 10 часовниот пат ништо не му може. Победата од 30:23 јасно кажува дека избраниците на Вилбек не дозволија треперење до последните минути. Хансен и другарите покажаа авторитет и со шест победи од шест средби се една од трите репрезентации со максимален биланс. Хрватска и Словенија денес ќе се обидат да им се приклучат. Бразил со молскавичен тактички напредок, во текот на целиот натпревар со Русија се закануваше да направи прворазредна сензација. Во меч со многу голови на крајот Русија победи со 27:26, откако Бразил имаше и последен напад. Но искуството и подобрата игра во одбрана му беа главна пречка на селекцијата на Жорди Рибера да дојде во четвртфиналето. Вистински шлагер на вечерта беше мечот на Франција со Исланд.

„Рибарите„ играа фантастично, долго време гол за гол, со Густафсон кој го засени Омејер на голот. Но во централната фаза на вториот дел, Онрубија ја материјализираше добрата игра во одбрана на французите и тимот на Онеста дојде до +5. Но и тогаш не беше се готово. Валур Сигурдсон и Палмарсон му донесоа 25:25 на Исланд во 55 минута. Но искусниот Карабатиќ ја превзеде иницијативата врз себе, Онрубија и Абало го дотолчија исландскиот тим за финални 30:28 за галските петли.

Share