hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров со уште еден одличен мундијал

kire golovi

Можеби нема да биде најдобар стрелец како во Хрватска пред четири години, но Кирил Лазаров зад себе остави уште еден одличен мундијал. Одигра шест натпревари и на сите беше најдобар стрелец. Вкупно постигна 44 гола, што е одличен просек од преку 7 гола по натпревар. Еве како „страдаа„ противниците пред нашиот капитен.

Б група - (Севиља)

Македонија - Чиле
(Кирил Лазаров - 8 гола)

Македонија - Катар
(Кирил Лазаров - 9 гола)

Македонија - Исланд
(Кирил Лазаров - 4 гола)

Македонија - Русија
Кирил Лазаров (10 гола)

Македонија - Данска
Кирил Лазаров (5 гола)

Осминафинале

Македонија - Германија
Кирил Лазаров (8 гола)

Иако има уште многу цели до тогаш, Кирил Лазаров си постави голема цел на нашата репрезентација да ја предводи на четврт мундијал по Египет, Хрватска и Шпанија. Значи Катар 2015 е пресудна станица во обидот оваа генерација на Македонија да дојде до Олимпијада.

Share