ВИДЕО: Лазаров: „Пак се издигнавме против најаката Русија со која сме играле„
Со 10 постигнати голови нашиот капитен Кирил Лазаров го заборави мечот со Исланд и ја поведе својата репрезентација до голем бод. Еден ракометен џин како Русија (претходно и ЗНД) се уште нема победа против нашиот национален тим „Овој нивни тим е посилен од оној во 1998 година со кого нашата генерација предводена од Пепи Манасков ремизираше.
Сигурно поквалитетна од генерацијата која ја совладавме во Вараждин пред четири години и затоа треба да се издвои нашиот резултат. Растеме во формата, веруваме во себе и уште еднаш покажавме карактер против еден многу силен противник„ рече видно возбуден Кирил Лазаров по мечот. Тој не заборави овој голем бод да и го посвети на неговата ќерка Лана, која денес слави роденден.