hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Трилер реми со моќната Русија

kire 16 01

23 Светско првенство - Шпанија 2013

Б група (Севиља)

Македонија - Русија 29:29 (13:16)

Неполни 24 часа од поразот со Исланд, требаше да се заборави таа презентација и овој пат во црвени дресови како на стартот со Чиле, нашите ракометари се наполнија со позитивни вибрации за големета Русија. Мечот го почнавме концентрирано во одбраната, со Лазаров кој погоди од првиот шут и Стоилов кој одлично се носеше со руските горостаси во одбраната. Така по три минути игра веќе беше 2:2, а песна се слушаше само од нашите навивачи. Филип Лазаров одговори на голот на Шишкарев за 3:3, Но потоа настанаа црни три минути. Брзоплето загубивме неколку топки во нападот, Игропуло од сите позици тоа го казни, а при 3:6 и Манасков беше исклучен. Така во 11 минута по еден краток период без гол, Наумче Мојсоски намали на два разлика за противникот. По примениот гол од Дебиров од контра селекторот Шундовски побара тајм-аут и брзо се разбудивме. Стоилов и Мојсоски од чекор намалија на -1, а Борко Ристовски бранеше со се поголема самодоверба и авторитет. Дури во 14 минута со третиот гол на нашиот кружен напаѓач, израмнивме на 7:7. На половина полувреме својот првенец го постигна и Владимир Темелков за 8:8. По тешки десетина минути поведовме во 17 минута со голот од полуконтра на Кирил Лазаров за тајм-аут на Кулешов. По исклучувањето на Јоноски, нашиот капитен погоди со човек помалку, пред бравурата на Дибиров пак да го врати егалот (10:10) Но и помладиот Лазаров влезе во ритам и со вториот гол од дистанца ни донесе +1, а Велко Марковски од контра и +2 во 21 минута. Но во неполна минута Горбок и Дибиров израмнија на 12:12. Брзото руско крило со грчко потекло од Чеховски Медведи, Тимур Дибиров прв на мечот дојде до пет гола и со мини-серија од 0:3, нашиот противник пак поведе (12:13) Следеше четвртиот гол на Кирил Лазаров од седмерец, но руските тешки бекови се разиграа и Сергеј Горбок и Дмитри Житников гоискористија исклучувањето на Темелков за 13:15 на пет минути до одморот. Нашата лоша завршница на првиот дел со серија на противникот од 1:5, не ја прекина ниту Лазаров кој не реализира седмерец, ниту Дејан Манасков, чиј зицер го одбрани Игор Левшин. Така со доцнење три гола зад русите моравме да бараме компактност по одморот.

Вториот дел започна со очигледна грешка на португалските судии, кои превидоа чист прекршок за седмерец врз Наумче Мојсоски. Но затоа во 32 минута својот првенец го постигна Дејан Манасков за 14:16. Веќе во наредниот напад погоди Павел Атман во првите моменти во игра. Највисоките четири разлика за „зборнаја„ дојдоа со вториот гол на крилото Данил Шишкарев. По шесте одбрани во првиот дел, Игор Левшин собра дури четири во неполни четири минути од продолжението.Пак влеговме во руската „машина„ и Атман зголеми на 14:19. По седумте гола во првиот гол момчето родено во Сибир, Дибуров го лобуваше Ристовски за 20 гол на нашиот ривал. На кратко Георгиевски и Кирил Лазаров не вратија во живот за 16:21 во 37 минута. Добрата игра во одбрана на Ангеловски му понуди шанса на Стоилов за четврти гол за -4. На нашиот гол застана Митревски и пак Лазаров и Стоилов не спуштија на дистанца од три гола зад Русија. Ривалите останаа со човек помалку (исклучен Чипурин) и К. Лазаров и Манасков намалија на 21:23 за тајм-аут на руската клупа . Но со својот трет, потоа и четврт гол, Павел Атман ја прекина нашата позитивна серија во 44 минута. Осмиот гол на Кирил Лазаров, одговори на двата гола на русите за 22:25. Мечот влезе во последната четвртина кога Миркуловски со својот прв гол пак спушти на само два негатива за тимот на Шундовски. Од првиот обид и Ангеловски се запиша меѓу стрелците да ги вреднува интервенциите на битолчанецот Митревски на голот. Дури и имавме напад за израмнување, но наместо тоа Шишкарев од контра погоди за 24:26. Но сега комплетно бевме во мечот и Лазаров со деветтиот гол пак му „дишеше во вратот„ на моќната Русија. И по три неуспешни обиди, Дејан Манасков од контра лансирана од Ангеловски, носи 26:26 на неполни 9 минути до крајот. Горбок го врати водството, а судиите два пати му судат престап на Манасков кога погодува од евидентен зицер. Митревски не остави во игра, на влез во последните четири минути. И пак „тешкиот„ Горбок без скок шут погодува за 26:28, пред Дејан Манасков да не остави во игра. Но Шишкарев под закана на пасивен напад, од крило враќа на +2 за избраниците на Кулешов. Лазаров со својот десетти гол не внесе во последната минута при 28:29, а Николче Митревски „скина„ зицер за наш последен напад на 35 секунди до крајот. На 18 секунди до крајот, капитенот извади идеално додавање за дебитантот на мундијалите, Гоце Георгиевски да погоди за 29:29. Олег Кулешов повика тајм-аут, а до крајот имаше 17 секунди. Во завршниот напад на Русија, се одбранивме за заслужено реми со моќниот противник.

Во нашата репрезентација Кирил Лазаров постигна 10 гола, Стоилов постигна 5, а Манасков 4 гола. Кај русите Дибиров блескаше со 7 гола, а одличен во клучната фаза беше Сергеј Горбок со 6 гола. Утре е слободен ден, а в петок од 20:15, групната фаза во Севиља ја завршуваме со мечот со европскиот првак Данска.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share