hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Шундовски го скрати списокот на 20 имиња

kire 16 12 2012

Селекторот на македонската машка ракометна репрзентација Звонко Шундовски по пријавувањето на поширокиот список во IFH, денес го скрати списокот на 20 имиња кои ќе ги започнат подготовките за наредното Светско првенство кое од 11 до 27 јануари ќе се одржи во Шпанија. Од последните големи натпреварувања не се повикани Петар Ангелов и Стевче Алушовски.

 

Голмани

1. Борко Ристовски
2. Никола Митревски
3. Златко Даскаловски

Кружни напаѓачи

1. Столе Стоилов
2. Никола Марковски
3. Ванчо Димовски

Десни крила

1. Владимир Темелков
2. Гоце Георгиевски
3. Златко Мојсовски

Леви крила

1. Дејан Манасков
2. Гоце Ојлевски

Бекови

1. Кирил Лазаров
2. Милан Левов
3. Наумче Мојсовски
4. Филип Миркуловски
5. Бранко Ангеловски
6. Филип Лазаров
7. Велко Марковски
8. Ацо Јоновски
9. Мите Стоилов

Стручен тим

1. Звонко Шундовски
2. Зоран Петковски
3. Андон Бошковски
4. Даниел Јуришич

„Во селекцијата е направен спој од најдоброто во Македонија. Анализирана е формата на играчите од домашните екипи и од интернационалците. Селектирани се оние кои моментално се во најдобра форма и кои во репрезентацијата се вклопуваат на најдобар начин, имајќи го предвид фактот дека тимот е тој што победува. При тоа е водена сметка да се направи неопходното подмладување на репрезентацијата, како влог за иднината на македонскиот ракомет„ рече селекторот Шундовски за битолската ТЕРА ТВ веднаш по објавувањето на списокот.

Share