hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Не е лесно да се добијат, кога мора да се победи

angola lazarov

Капитенот Кирил Лазаров пак ја поведе својата репрезентација до нов триумф, а по победата над Ангола од 31:22 се осврна и на психолошкиот момент на ваков тип на натпревари.

„Ова беше лажна слика за Ангола против Словенија. Ние знаевме дека не смее да се опуштиме, Ангола не е од врвот на светскиот ракомет, но има квалитет. Го видовме на видео снимки од нивни натпревари. Сами си ја направивме нервозата на почетокот, промашувавме зицери и грешки. Меѓутоа, на крај се си дојде на свое место. И покрај солидната партија има што за поправање. Постоеше некој притисок, не е воопшто лесно да се игра за Македонија кога се мора. Луѓето го сакаат спортот, очекувањата се големи, очите на јавноста се вперени кон нас и ги разбирам осцилациите", вели Лазаров по победата.

Со 22 гола по првите два натпревари Кирил Лазаров е наш најдобар стрелец и во очекување на компплетирање на колото и водечки на врвот на листата на стрелците на целиот шампионат.

 

 

ФОТО: Филип Вирановски - www.gol.mk

Share