hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија ја победи и Ангола и се доближи до осминафиналето

angola---macdoine-14012017-v-michel 32309274555 o

Македонија – Ангола 31:22 (14:9)

Македонската селекција ја прокнижи и втората победа на Светското првенство во Франција, откако денес во Мец ја совлада Ангола со 31:22 (14:9).

Момците на Лино Червар започнаа во грч во нападот, но во одбраната не примија гол цели осум минути. Иако водевме со 4:1, сепак добрит африкански шутери се вратија до 6:6 на полувреме. Сепак неконтролираната агресивност на репрезентативците на Ангола знаевме да ја казниме и со серијата на голови со човек повеќе дојдовме до високи +5 на полувреме.

Капитенот Лазаров со 5 и Георгиевски со 4 ја рушеа одбраната на противникот за комотни 14:9 на одмор.

Второто полувреме го почнавме со игра седум на шест и по две технички грешки, Анголците постигнаа два гола на наш празен гол за 11:14. Дури во четврттата минута од вториот дел погоди Стоилов за 12:15.

Со нови два гола на Кире Лазаров, еден од игра и еден од седмерец, пак дојдовме до највисоките +5, а Георгиевски од контранапад погоди за 13:19 во 41 минута. Полека почна тактички да се растура зоната на Ангола и Филип Лазаров погоди за +7 во 44. минута.

На пет минути до крајот на мечот, кога имавме човек помалку, Благојче Трајковски постигна два гола од еден на друг гол. До крајот со штедење на силите и енергијата и цепелинот на Филип Лазаров, Македонија лесно го доби дуелот против Ангола со 22:31.

Во нашата репрезентација најефикасен беше капитенот Кирил Лазаров, кој крај своето име запиша 9 гола, а Гоце Георгиевски го следеше со 6. В понеделник против Словенија, нашата селекција ќе ја има првата меч топка за математичка потврда на местото во осминафиналето.

  • Hits: 351
  • Hits: 318
  • Hits: 313
  • Hits: 295
  • Hits: 289
  • Hits: 309
  • Hits: 312
  • Hits: 316
  • Hits: 301
  • Hits: 363
  • Hits: 307
  • Hits: 278
  • Hits: 284
  • Hits: 294
  • Hits: 310
  • Hits: 334
  • Hits: 295
  • Hits: 319
  • Hits: 279
  • Hits: 279

Share