hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија и третпат ја совлада Босна во подготовките за Мундијалот

mkdbih2

Македонија - БиХ 32:30 (17:13)

Трета победа на македонската ракометна репрезентација во пријателската средба меѓу сениорските селекции на Македонија и Босна и Херцеговина. Нашата репрезентација славеше овој пат со 32:30 (17:13) во затворениот натпревар во спортската сала во Автокоманда.

Мечот беше многу драматичен, бидејќи при 30:30 се влезе во самата завршница од мечот, дури и Босанците имаа напад, но промашија и момците на Червар тоа го казнија со два гола во последните две минути.

Во победничката селекција се истакнаа Кирил Лазаров со 11 гола, Георгиевски со 6 и Дејан Манасков со 5 гола. Во босанската селекција Буриќ на голот собра 13 интервенции, а Вегар постигна 5 гола.

Овој меч е последен наш тест пред Мундијалот, а следната среда на 11 јануари нашата експедиција патува за Мец, каде во рамките на Б групата на Светското првенство ќе ги одмери силите со Шпанија, Словенија, Тунис, Исланд и Ангола.

ФОТО: Филип Вирановски - www.gol.mk

Share