hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

„Hummel“ изработи специјално брендирани патики за Кирил Лазаров

патики кл 2

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров на Светското првенство во Франција, кое започнува на 11 јануари ќе настапи во специјални патики, изработени од неговиот спонзор „Hummеl". Патиките данската компанија ги изработи специјално за нашиот капитен и се комплетно обоени во црвена и жолта боја, како би биле брендирано во нашите национални бои.

патики кл

Исто така на патиките е впишан бројот СЕДУМ, кој Лазаров го носи кога настапува за националната репрезентација. Овие патики десниот бек на нашата репрезентација веќе ги испроба на мечот со БиХ во вторникот, а сигурно по нив ќе биде препознатлив на Светското првенство во Франција.

Лазаров е само дел од заштитните ликови на „Hummel" заедно со Хансен, Томас, Нарцис, Хајневетер...

Share