hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија ги надигра Кореанците и го освои 27. место на Мундијалот

sp-egipet-rakomet-makedonija-belorusija-24012021-2

Македонија - Јужна Кореја 36:33 (20:19)

Машката ракометна репрезентација ја победи Јужна Кореја со 36:33 и го освои 27. место на Светското првенство во Шведска и Полска.

Во услови кога беше заокружена смената на генерациите, па репрезентацијата дојде на СП со значително подмладен состав, Македонија забележа три убедливи порази во првата фаза, а во таканаречениот Претседателски куп ги совлада Алжир и Мароко.

Најдобар стрелец кај Македонија беше Филип Кузмановски со осум гола, пред Ненад Костески со шест, Мартин Серафимов стрела пет пати, додека Иван Џонов и Филип Талески имаа по четири реализации. Кај Корејците, Јусунг Јин даде осум, а Ким и Јанг стрелаа по пет пати.

Ракометарите на Светското првенство, покрај против Јужна Кореја, славеа над Алжир и Мароко, додека загубија од Тунис, Норвешка, Холандија и Аргентина.

Крајниот скор е три победи и четири порази. Пред две години во Египет, Македонија беше на 23. место.

Share